Прилепскиот катастар остана без струја поради неплатени сметки


Подрачната единица на Агенцијата за катастар и недвижности во Прилеп остана без струја поради долг за неплатени сметки кон ЕВН, пренесе порталот РеволуционерМк.

Вработените морале да прескокнуваат преку шалтери за да излезат од своите работни места поради електронските врати кои што функционираат со картица.

smetka struja

Директорот на подрачната единица на Агенцијата за катастар и недвижности во Прилеп, Живко Самарџиоски за  РеволуционерМк изјавил дека не знае за колку точно сметки станува збор.

-Не би можел да ви кажам точно, но станува збор за некои сметки кои што ги немаме добиено ни ние во Прилеп ни во Скопје, највероватно се работи за  една или две сметки, немам точно информација колку се – изјавил тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1