Жолтицата зема замав, заболени и во Куманово


Во изминатите два дена во Скопје се регистрирани три нови случаи на заболени од хепатит А. Последно е 13-годишно девојче од Шуто Оризари кое е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупниот број заразени во Скопје изнесува 76. Од нив 17 се згрижени на Инфективната клиника, а двајца се во градската општа болница „8 Септември“.

zolticaИ во Штип за два дена се регистрирани нови три случаи, со што вкупнот број на заболени лица во овој град се искачи на 33. Сите се хоспитализирани на одделението за инфективни болести. Од таму не можевме да дознаеме ништо околу состојбата на заразените, бидејќи Министерството за здравство дало наредба информации во врска со оваа болест да се дават само еднаш неделно, и тоа секој петок.

Жолтица е регистрирана и во Куманово, каде што во последните две недели биле евидентирани три случаи. Сите три се девојчиња на возраст од 13 до 23 години, а едно од нив се наоѓа во кумановската болница, додека другите две се пуштени на домашно лекување откако претходно биле хоспитализирани.

Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се следи состојбата на терен. Преземени се превентивни мерки во насока на едукација на граѓаните, а започната е и дезинсекција на училиштата и градинките пред почетокот на учебната година.

„Редовното одржување на личната и општата хигиена е исклучително значајно за превенција од оваа заболување што подразбира темелно миење на рацете пред секое јадење и по одење во тоалет, одржување на хигиената во домот, особено санитарните јазли, а се препорачува да не се пие вода од локални извори“, велат од Центарот за јавно здравје.

Вирусот на хепатит А може да се најде во фецесот, крвта, жолчката, а поретко и во урината на заболениот. Главен пат на пренесување е фекално-оралниот пат, тоа е болест на нечисти раце, односно преку раце контаминирани со фецес во кој се наоѓа вирусот, но инфекцијата се пренесува и по индиректен контакт преку контаминирани предмети за лична или општа употреба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1