15 деца и професори затруени од непознат гас во Гостивар


15-тина лица, ученици и професори од гостиварското економско училиште попладнето се затруле со непознат гас кој веројатно бил фрлен од надвор. Инцидентот се случил околу 15 часот, а во тој период во училиштето бил и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.

kliniki- brza pomos urgentenЧетиринаесетте хоспитализирани пациенти на Клиниката за токсикологија, се во стабилна состојба и до изутрина според директорот на Клиниката, д-р Антонио Чибишев ќе бидат пуштени на домашно лекување. Тој потврди дека станува збор за средношколци на просечна возраст од 18 години, како и за неколку вработени во средното економско училиште во Гостивар, меѓу кои имало наставници и технички персонал. Најстариот од пациентите бил на 50 годишна возраст.

– Нашиот протокол налага да ги задржиме пациентите најмалку 6 часа по приемот. Тоа значи дека до изутрина кога ќе започне и утринската визита, откако ќе се направат и последните прегледи, ако се е во ред, пациентите од Гостивар ќе бидат пуштени на домашно лекување. Првите пациенти беа примени попладнето кои итно беа транспортирани во Скопје од гостиварскиот медицински центар а последниот пациент е примен во текот на вечерните часови. Јас сум многу задоволен што сите се чувствуваат добро и се надевам дека тие денес ќе бидат дома – вели д-р Чибишев.

Пациентите од eкономското училиште во Гостивар се згрижени на клиниката за токсикологија во Скопје откако како итни случаи се пренесени од гостиварската болница со симптоми на труење. Сите тие се жалеле на гушење. меѓу вкупниот број хоспитализирани е и средовечна жена. Сите, според најновите известувања од дежурните лекарски екипи на Клиниката за токсикологија се надвор од животна опасност а во тек се детални анализи на нивните крв и урина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1