15 години затвор доколку носиш дрес на Барселона


Саудиските власти донесоа неверојатен закон според кој се заканува до 15 години затвор и 150.000 евра казна доколку во оваа земја некој облече дрес на каталонскиот фудбалски гигант Барселона.

Станува збор за тоа што спонзорот на Барселона е катарската воздухопловна компанија е „Qatar Airways“, а Саудиска Арабија на почетоков од седмицата и прекина дипломатските односи со Катар и наметна и транспортна изолација за овој мал но богат емират обвинувајќи го како и некои други сунтиски муслимански земји од Персискиот залив за наводна поддршка на тероризмот.

Слични закони наскоро би можеле да објават и Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Јемен.

Компанијата „Qatar Airways“ е спонзор на Барселона последните четири години, но од почетокот на следната сезона на дресовите на каталонскиот гигант ќе се појави името на новиот спонзор, јапонската компанија „Rakuten“.

Кризата избуван набрзо по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот исток и престојот во Ријад, споменатите земји ги прекинаа дипломатските врски со Доха, обвинувајќи ја дека одржува врски со „терористички организации и секташки групи кои сакаат да го дестабилизираат регионот“, а притоа се споменуваат терористичките џихадистички организации Исламската држава и Ал Каеда, како и панарапското исламистичко движење Мууслиманскот братство.

Овие земји, кои на Катар му забележуваат и за наводно приближување на шиитски Иран, на неодреден период ги забранија летовите кон и од Доха, ги затворија своите воздушни простори, како и копнените и поморските граници.

Катар одговори дека нивното образложение содржи „неосновани обвинувања“ додавајќи дека неговата борба против тероризмот е многу посилна отколку што ја спроведуваат „многу од потписниците на тоа заедничко соопштение“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1