Коѕиас: Прво компромис за името, а потоа влез во НАТО и ЕУ


Грција не го менува ставот за приемот на Македонија во НАТО и ЕУ и покрај притисоците што се очекуваат од Европа за ова прашање. Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас не го менува ставот дека Македонија ќе стане дел од НАТО само откако ќе се реши спорот за името.Коѕиас вчера во говор во Кожани на само три ден пред средбата со новиот македонски шеф на дипломатијата Никола Димитров индиректно порача дека грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на Македонија во НАТО под времената референца, како што интензивно периодов се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави.

„Сега кога работите се стабилизираа повторно ќе дојдат некои (европски политичари) и ќе кажат: ‘За да ја стабилизираме дополнително државата да ја внесеме во НАТО и ЕУ?’.

Ние немаме ништо против, но треба тие да ги одржат нивните обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името“, изјави Коѕиас во Кожани.

Според Коѕиас, новите изјави на македонската влада кон Грција имаат пријателски тон, но од разговорите ќе се процени дали тој е суштински, или пак е само обид да се олеснат работите бидејќи македонската влада смета дека без промена на името може да влезе во меѓународните организации.

Покрај пораките за неопходни отстапки во црвените линии за уставното име и откажување од иредентизмот, Коѕиас додаде дека македонските политичари мора да ги прифатат европските вредности и да покажат култура на компромис.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1