Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков и Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање се уапсени денеска во најновата полициска акција, пишува Нова.
НОВА веќе објави дека полицијата ги привела режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“ кој и покрај големата популарност беше укинат и Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година.Се уште полицијата не потврдува за оваа акција, но дознаваме дека за Дамовски постои обвинение шпионажа и злосторничко здужување.
Покрај нив уапсен бил и вработен во Агенцијата за разузнавање со албанска националност, чиј идентитет не се соопштува.
Во оваа полициска акција вкупно уапсени се 15 луѓе.