16 годишната Наташа Симондс од Сомерсет од 2008 година одела по болници жалејќи се на силни главоболки, болки во грбот, повраќање и проблеми со видот. Во 2010 состојбата и се влошила. Од 24 те прегледи направени од 13 лекари ниту еднаш никој не се посомневал на рак. Починала само 8 дена откако и бил дијагностициран напреден тумор на мозокот.
Пред да почине, Наташа ја погледнале 24 лекари. Никој не сакал да и закаже магнетна резонанца тврдејќи дека тоа е преглед „кога се работи за живот или смрт“.
– Не знаеме што ќе се случеше ако болеста беше откриена првиот пат кога отидовме на лекар. Барем немаше да умре одеднаш и толку исплашена- вели нејзината мајка Сара.
– Бевме шокирани.Толку долго ни велеа дека се мигрени што не помислувавме на рак. Но Наташа знаеше дека е многу болна. Пред втората операција откако го открија ракот, ме молеше да ја однесам дома да умре. Беше преплашена – вели нејзината мајка.
Семејството е огорчено и ќе ги тужи лекарите кои не ја видоа болеста кај нивната ќерка.