16 годишно девојче грабната од непознати лица додека се враќала од продавница


Шеснаесет годишно девојче од едно гостиварско село вчера вечерта се јавило на преглед во болницата во Гостивар и им кажала дека била противправно лишена од слобода.momce kidnapirano nasilstvo

По извршениот разговор на полицијата со девојчето во присуство на работник од Центарот за социјални работи, девојчето изјавило дека истиот ден околу 17 часот на враќање од продавница, во близина на нејзината куќа, застанал автомобил во кој имало три непознати лица, од кои еден на сила ја внел во возилото.

-По кажување на истата, со возилото се возеле околу 20 минути во непознат правец, по што влегле во напуштена хала, од каде околу 19.00 часот ја вратиле дома, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1