Снимките од местото на несреќата во Сеонгнам, јужно од Сеул, покажуваат длабока дупка обложена со бетон под скршените решетки
Портпаролот на управата на градот Сеонгнам, Ким Нам Јун го објавил бројот на погинати во една изјава за локалните телевизии и додал дека уште 11 лица се тешко повредени.
Човекот кој бил вклучен во организацијата на концертот, утрово бил пронајден мртов, а се верува дека станува збор за самоубиство.
Портпаролот изјавил дека човекот кој бил задолжен за безбедноста се самоубил скокајќи од една зграда во близина на местото на несреќата.
Телевизијата YTN објавила дека човекот бил пронајден мртов рано утрово, неколку часови откако бил испрашан од полицијата. France Presse наведува дека бил на возраст од 37 години.
Настраданите стоеле на решетките додека го следеле концертот на популарната азиска женска група “4Minute”.Околу 700 лица присуствувале на концертот кој бил организиран во рамките на еден локален фестивал. Локалните медиуми изјавиле дека неколку лица се наоѓаат во критична состојба, и дека бројот на погинати може да расте.
Tocka.com.mk