Откако во петокот пиеле лажна ракија, жртвите почнале да повраќаат, со јаки болки во стомакот и заматен вид, соопштила полицијата во областа Етах во Утар Прадеш.
Седумнаесет работници загинаа, а 12-ина од нив се борат за својот живот во северниот дел на Индија, откако се напиле отровна домашна ракија, соопшти полицијата денес.
– Седумнаесет лица загинаа, од петокот вечерта, а околу 12 од нив се уште се во болница во многу лоша состојба – изјави локален официјален претставник на полицијата, додавајќи дека препродавачот беше уапсен во саботата вечер.
Продавачот очигледно ја мешал ракијата со некои хемикалии во последната тура на алкохолни пијалоци.
Стотици сиромашните луѓе умираат секој ден во Индија од труење со алкохол, најмногу од евтина лажна ракија, потсетува француската агенција.