Турција: Судири меѓу полицијата и пучистите близу истанбулскиот аеродром и базата Коња


Припадниците на безбедносните сили отвориле предупредувачки оган за време на апсењето на поддржувачи на неуспешниот обид за воен преврат во близина на меѓународниот истанбулски аеродром „Сабиха Гекчен“, како и во воената воздухопловна база кај Коња.turcija-ankara-puc-tocka-2016-04

Како што рекле неименувани извори од турските власти за агенцијата Reuters, пучистите не одговориле на огнот. Во моментов се спроведува операција за нивно апсење по наредба на турското обвинителство. Не е познат бројот на полицајците кои учествуваат во операцијата, а се претпоставува дека во аеродромскиот гарнизон има околу 60 вооружени војници.

Порталот на весникот Sabah, пак, објави дека на аеродромот „Сабиха Гекчен“ биле уапсени 11 луѓе. Полицијата дошла на аеродромот со цел да изврши претреси на неговиот воен дел, а кога стражарот ги забележал двапати пукал во воздух. Потоа двајца стражари биле уапсени, и нема настрадани. Заедно со нив полицијата уапсела уште девет лица.

Судир меѓу полицијата и припадниците на побунетата фракција во турската армија имало и во воздухопловната база Коња. „Ситуацијата е под контрола“, изјавил претставник на турските безбедносни структури.

Полицијата и припадниците на специјалните единици на министерството за внатрешни работи спроведувале операција за апсење на учесниците во неуспешниот воен преврат во воздухопловната база во покраината Коња. Според телевизијата Haber Turk, во операцијата биле употребени водени топови.

Полицијата влегла во базата за со налог за апсење на неколку осомничени за учество во обидот за превратот и неколку пилоти на ловци. Употребата на водените топови сведочи дека полицијата наишла на отпор, заклучува телевизијата и додава дека операцијата уште е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1