17 обвинети за насилните протести про & контра Џафери


Покренато е обвинение против седумнаесетмина обвинети за насилните протести за поддршка на министерот за одбрана Талат Џафери, што се случија пред точно еден месец.

Обвинети се дека дивееле од владата до Бит-пазар, како дел од контра протестот организиран на Фејсбук.

protestСпоред пресметките на обвинителството, толпата направила штета од речиси 9 милиони денари, кршејќи полициски возила, над 15 приватни возила кои им се нашле на патот, две автобуски постојки, прозорци, мермерни плочи и уништила фасади на музејот на Холокаустот и на Стариот театар, а запалила и еден, а оштетила два автобуси на ЈСП и каменувала противпожарни возила.
Со бекатон плочки, камења и со шишиња во протестите биле повредени 24-ца полицајци кои употребија солзавец и димни бомби.
Од Кривичниот суд соопштуваат дека до почетокот на судскиот процес, седуммина обвинети остануваат во притвор, еден е недостапен, а останатите се бранат од слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1