Австрискиот суд осудил еден неонацист кој има 29 години на 18 месеци затвор бидејќи на фејсбук објавил фотографии на Адлолф Хитлер, кукастиот крст, како и други забранети содржини.
Овој човек признал дека поставил фотографии на друштвената мрежа, но пред судот во Фелдкирх, на западот од Австрија, рекол дека не знаел дека тоа некој може да го види и дека немал намера да го промовира нацизмот.
Медиумите забележале дека осуденото момче носи ракавици како би ги прикрило тетоважите. Тој признал дека бил активен скинхед во периодот од 2000 до 2002 година.