На интернет се појави снимка од измачувањата над Саади Гадафи, синот на поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи. На кадрите Саади е испрашуван во соба од различни затворски чувари. Тој е сместен во затворот во Триполи, каде што се соочува со обвиненија за убиство на фудбалер додека бил на чело на либиската фудбалска федерација, но и за многу други криминални дела.
Либијското државно обвинителство започна истрага за видео записот на кој што, наводно, се гледа како непознати чувари во затворот во Триполи го тепаат Сади Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи.
На видео записот се гледа како чуварите го тепаат и малтретираат Сади, кој минатата година беше испорачан од Нигерија во Либија. Тој е сместен во затворот во Триполи, каде што се соочува со обвиненија за убиство на фудбалер додека бил на чело на либиската фудбалска федерација, но и за други криминални дела.
Автентичноста на видео записот засега не е потврдена.