СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З. (19) oд Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка „одземен пасош и да се пријавува секој ден во полициска станица“.
На први овој месец околу 00.15 часот С.С. (52) од Скопје, додека се движел пеш по тротоарот од бул.„Св.Климент Охридски“, бил удрен со едно бекатонско парче во тилот од страна на пријавеното лице, кое управувало велосипед.
Од ударот С.С. паднал на тротоарот и останал да лежи, каде бил пронајден од припадник на Единица Алфа.