2 момчиња и жена повредени во масовна тепачка во автобус во Карпош 4


Денеска околу 12.30 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај мостот „Обединети нации“, во Карпош 4, во градски автобус број 22 се случила масовна тепачка меѓу две групи млади, биле употребени и ножеви.

Повредени се две момчиња, како и една жена, патник, на возраст од 66 години.  Екипи на МВР вршат увид на местото. Приведени се девет лица, а на местото на тепачката најдени два ножа.

Во Градската болница „Осми септември“ примени се две повредени момчиња на 17 и 23 годишна возраст – првиот ученик има повреди од исеченици со нож на десната подлактица, а вториот набиеници во пределот на слабината.Според се уште неофицијалните информации, од засега непознати причини се степале Македонци и Албанци, пренесува Телма.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1