2.000 мртви – колеж во Нигерија


Околу 2.000 лица се убиени во најновиот масакар што го изведоа припадниците на исламистичката организација Боко Харам во Нигерија.

Во соопштение на организацијата Амнести интернешнал се наведува дека ова е најсмртоносниот напад во историјата на оваа терористичка организација, а одвратниот чин се случил во градот Бага.nigerija4

Континуираните напади на џихадистите траеле од средата до петокот, а еден од локалните претставници Баба Аба Хасан истакнал дека главно жртви се деца, жени и стари лица, кои не успеале да побегнат пред налетот на екстремистите.

„Масакрот кој го извршија припадниците на Боко Харам е незамислив. Престанавме со броење на мртвите. Никој тоа не може да го стори. Има многу тешко ранети, кои досега најверојатно починале“, истакнал Мухамед Аба Гава, портпарол на цивилната одбрана.

Организацијата Амнести интернешнал издала соопштение во кое наведува дека според првите извештаи најверојатно загинале околу 2.000 лица.

„Доколку овој број е точен, тоа значи дека теророт на Боко Харам во потполност ескалира“, смета Даниел Ејр, истражувач на Амнести интернешнал за Нигерија.

Овој напад се случил на само пет недели пред најавеното одржување на претседателските избори во Нигерија, а три северноисточни држави побарале од властите да го зголемат присуството на војската.

Најголемото злосторство кое претходно го извршија припадниците на Боко Харам се случи на 14 март 2014 година, кога беа убиени повеќе од 600 лица.

Боко Харам се закани дека ќе ја прошири терористичката активност, во снимка која беше објавена минатата недела во која најавија акција во Камерун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1