АМСМ: Ако врне снег, можни се забрани за автобуси и камиони, посебно на Гостивар – Охрид


Доколку има нов бран на врнежи од снег во земјава во текот на утрешниот ден и во понеделник, како што е најавено, кординативното тело на Министерството за транспорт и врски во случај да паѓа многу снег ќе воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на некои патни правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно, потсетува АМСМ.pat nokj sneg 2

Истовремено, ги советува сите граѓани задолжително да носат зимска опрема во возилата и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци, може да се јават на бројот 155 55, или преку паметни телефони со апликацијата на АМСМ или на веб-местото на Сојузот.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија вечерва се одвива по суви коловози на пониските места, а на повисоките места наместа со остатоци од снег. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и усеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Се препорачува повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, како и понатаму кон селото Сарамзалино се до клучката Кадрифаково. Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

На 19 декември лани стартуваше времениот сообраќаен режим со забрана за движење на товарни моторни возила чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31 март секој ден во периодот од 8 до 20 часот.

Возачите треба да носат зимска опрема за возилата без разлика на условите на патот, оти тоа го налага законот. Овој режим истекува на 15 март.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1