2 дена старо бебе пронајдено во парк во Истанбул


Бебе старо два дена беше пронајдено во парк во истанбулскиот кварт Бахчелиевлер, јавија турските медиуми.

bebe44

Новороденчото било оставено под едно дрво. Граѓаните, кои се шетале во паркот, слушнале бебешки плачи го забележале бебето.

Детето е однесено во болница, каде лекарите утврдиле дека се наоѓа во добра здравствена состојба.

Полицијата во моментов трага по родителите на детето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1