ВИДЕО: Македонски оркестар ја сними музиката за најголемиот огномет во Дубаи


Симфониското дело кое беше специјално напишано за најголемиот огномет досега направен во историјата, кој го сруши и Гинисовиот рекорд, е всушност снимено од страна на македонски симфониски оркестар.

dubai„Фејмс“ е македонскиот симфониски оркестар задолжен за снимање на филмска музика кој непосредно пред новогодишните празници ја сними и музиката за новогодишната свеченост во Дубаи, компонирана од страна на Мет Феди.

По тој повод, снимен е и кус филм кој ја раскажува приказната за создавањето на огнометот, а во кој, на самиот почеток, се прикажани и нашите музичари во текот на снимањето на музиката. За оркестарскиот аранжман на музиката на Феди, пак, беше задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1