Хрватски акдемик: Масоните спремаат трета светска војна


Врз основа на сите до сега прочитани книги на темата масони, Емил Чиќ член на хрватската Академија за наука и уметност вели дека масоните подготвуваат Трета светска војна.

veb-bot-kompjuter-predvidanje-nuklearni-rat-udar-1328585176-112124-И кога не би го зеле во предвид како сериозен доказ писмото на американскиот генерал Алберт Пике упатено до идеологот на италијанското обединување Мазини, во кое уште во 19-от век најавува три светски војни, мора да го прифатиме фактот дека членот на англо-американскиот естаблишмент Керол Кигли во книгата „Англо- американски естаблишмент“ пишува како британските масони ги создавале условите за Првата и Втората светска војна – вели Чиќ.

Според него од историските книги се гледа дека војните биле планирани со цел да се создаде британска предоминација во Европа и светот, а видливо е како што вели и тоа дека британските империјалисти за сите идни операции во 20-от век планирале да ги употребат САД .

SRBIJA MASONI SASTANAK–Тој план успеа и Америка денес ги напаѓа државите од Средниот исток со цел да ги придобие, пред Иран да ги нападне Русија и Кина. Планот за војната веќе би требало да биде спроведен и завршен, но очигледно нешто се искомплицирало поради што главните операции се отежнати, а со тоа и одложени -тврди тој.

Чиќ смета дека целта на војната е преку масовно уништување да се намали населението, а потоа да се создадат нови светски држави, бидејќи како што вели многу е тешко да се обедини целиот свет, без отпор на одредени држави.

-Државите како Кина и Русија тешко дека ќе се согласат да го предадат својот суверенитет на Обединетите нации, поради што за потчинување на најголемите противници ќе се оди преку масовни разорувања и уништувања. За да дојде до тоа континуирано се создаваат конфликтни ситуации меѓу државите, што ќе доведе до војна – истака хрватскиот академик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1