2 деца ги удрил гром додека биле на фудбал во Хрватска – едното почина


Во местото Нова Рача, во близина на Бјеловар за време на фудбалскиот натпревар на јуниорите игралиштето беше погодено од гром. Во ударот настрадаа две момчиња, од кои едното е во животна опасност, јавува ХРТ.

gromДесетина минути по почетокот на натпреварот игралиштето беше погодено од гром, што предизвика шок и паника, а две момчиња се посериозно повредени. На фудбалскиот терен натпреварот помеѓу младите фудбалери од Нова Рача и Брезовац ќе остане во втор план, а долго ќе се памети ударот од гром.

Момчето од Брезовац е во постабилна здравствена состојба, додека петнаесетгодишниот Домагој од Нова Рача, кој директно беше погоден од громот,им подлегнал на повредите во болницата во Бјеловар.

Момчињата што беа на теренот како поради шокот, така и поради дополнителните симптоми без престан одат во болница.

Такво нешто некој не запаметил во Бјеловар и околината, а за Домагој сите се надеваат дека наскоро ќе оздрави и повторно ќе го видат на теренот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1