2 девојчиња најдени мртви во јавен тоалет – има ли сериски убиец на деца во Јоханесбург?


Пронаоѓањето на телата на две убиени девојчиња, на возраст од две и три години, во јавен тоалет во сиромашниот кварт Дипслут, на север од Јоханесбург, предизвика немири во кои граѓаните со камења ги блокираа улиците поради бруталното убиство.

johanesburgДевојчињата од саботата се водеа за исчезнати, а за двојното убиство засега никој се уште не е уапсен, пренесуваат француските медиуми.

Минатиот месец во еден отпад во истото подрачје беше пронајдено телото на едно петгодишно девојче, па полицијата ја истражува можноста за постоење на сериски убиец кој напаѓа деца.

Јужна Африка има една од најголемите стапки на убиства во светот.

Според официјални податоци, во периодот од 2012 до 2013 година, во земјата се убиени  16.000 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1