Бил затворен во ментална болница 38 години – по грешка


Човек со Туретов синдром поминал заклучен 38 години во ментална институција во западна Германија, откако по грешка му било дијагностицирано ментално пореметување

zaklucen resetki zaИ покрај фактот дека по грешка бил затворен речиси 40 години, тој сега не сака да оди од болница затоа што е неспособен за самостоен живот. Германскиот сајт Фокус пишува дека тој е затворен кога имал 18 години, кога му била дадена погрешна дијагноза и кога бил категоризиран како опасност за околината. Денес има 56 години.

Испратен е во клиниката Ворстин, каде по повеќе од 30 години било констатирано дека има Туретов синдром, со кој со соодветните лекови би можел да живее самостојно. Овозможена му е компензација за направената грешка, меѓутоа животот во менталната институција толку го онеспособила за самостоен живот што одлучил да го помине остатокот од животот таму.

Лекарите кои го водат во болницата Ворстин, рекоа за Фокус: „Ова е трагично. Никогаш не требаше да заврши овде, а сега кога може да оди, тој повеќе не е во состојба за тоа„. Докторите неговиот случај го опишаа како единствен. Целата неправда која му била направена на овој човек не е јасна, затоа што болницата неговиот картон го држи заклучен. Дури ниту неговиот адвокат не добил пристап до овие податоци.

Кога адвокатот го посетил во болница, бил во очајна состојба. Бил неискапен и целосно запуштен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1