2 девојки се скарале, предизвикале масовна тепачка на плоштад – 3 млади завршија на ургентен


3 лица завршиле во болница откако утрово, по 3 часот учествувле во масовна тепачка на плоштадот Македонија во Скопје, информира полицијата.

skopje1До тепачката дошло по претходна жестока кавга меѓу две се уште непознати девојки во ноќниот клуб Социјал. Две групи од по неколку лица се обиделе да ги раздвојат, но ситуацијата ексалирала и прераснала во тепачка која продолжила и надвор пред ноќниот клуб.

Со возило на итна медицинска помош, тројца учесници во тепачката, И.Б.(18), С.С.(24) двајцата од Скопје и М.В.(21) од Битола, се пренесени во ГОБ-Скопје, при што им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се приведени во ПС, каде како учесник е донесен и Н.Н.(18) од Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1