2 год дете само лутало по пруга – го спасил минувач кога наишол воз – мајката се појавила по 7 часа


Случаен минувач спречи да дојде до голема несреќа. Тој видел како на пругата Белград – Заечар како 2 годишно детенце само оди. Човекот знаел дека за 15 минути на тоа место ќе мине патничкиот воз и веднаш истрчал да го земе детенцето.
POZAREVAC-Pruga-Pozarevac-Zajecar-kojom-je-hodao-decakГо зел детето во рацете и го одвел во полицијата. Полицијата се обидувала да го дознае идентитетот на момчето како би ги повикала родителите.
Иако успеале да ја контактираат мајката таа се појавила во центарот за социјални работи за да си го земе детето дури околу 17 часот – цели 7 часа откако детенцето било најдено на пругата.
Случајот сега го испитува и социјалната служба која треба да оцени дали мајката, која има и други деца, е способна да се грижи за нив како и да ги утврдат околностите како детенцето само завршило на пругата каде можело сметно да настрада да не се појавел случајниот минувач.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1