2 год детенце, со чоколадо го хранел тигарот – му одгризал половина рака!


Двегодишно детенце од Индија, кое било  на прошетка со својата баба во зоолошка градина, во еден момент на невнимание на постарата госпоѓа, се доближило до еден од кафезите со тигри.

Едно од животните го гризнал за раката и го повлекол кон кафезот па неколку пати момчето претрпело удри во главата од решетките. Видливи се и гребнатинките на главата. Несреќата се случила во градот Белари, во моментот кога детенцето се обидело да ги нахрани тигрите со чокалодо. Тигарот му одгризал поголем дел од левата рака, по што момчето веднаш било пренесено во болница. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат индиските медиуми.

„Откако го поминавме кафезот со тигрите продолжив кон делот каде што беа сместени елените. Не приметив дека Никил се вратил пак кај тигрите“, нервозно зборувала бабата.
Откако малиот Никил бил нападнат, веднаш кон него се упатиле случајните минувачи и персоналот од животинскиот парк за да му помогнат.
Само неколку секунди по зграпчувањето, тигарот го пуштил момчето.
Чуварите од зоолошката ја обвиниле бабата дека не внимавала на нејзиниот внук, но најавија дека во тој дел ќе постават заштитна ограда, така што луѓето не би можеле да се доближуваат премногу до кафезот. Се разгледува можноста на детето да му се платат сите трошоци околу лечењето, како и дополнително оштета.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1