Девојката чие име не е објавено во јавност од правни причини, ја тужела пред Кралскиот суд во Честер својата пријателка, 25-годишната Гејл Њуленд, затоа што на измама сексуално ја искористувала.
Имено, Њуланд две години успешно се претворала дека е маж, а се` за да води љубов со својата привлечна колешка од факултет и пријателка, пишува „The Guardian”.
Се прашувате како ѝ успеало тоа? Започнало во 2011 година кога Њуленд на Фејсбук направила лажен профил и на жртвата ѝ се претставила како Кеј Форчун.
Романсата која започнала со пораки набрзо продолжила со многу телефонски повици, меѓутоа кога девојката сакала да го запознае „момчето“ кое ја освоило со зборови, Форчун ѝ објаснил дека тоа ќе биде тешко за изведување.
Имено, измислениот маж ѝ рекол на девојката дека се срами да ѝ го покаже своето тело бидејќи било полно со лузни настанати како последица од лечење на тумор на мозокот
Сепак, на крајот парот конечно се сретнал во еден хотел, но Форчун инсистирал девојката да носи превез преку очите за да не му биде непријатно.
Девојката се согласила на таква игра и парот во периодот од февруари до јуни 2013 година пет пати водел љубов додека Њуленд на себе носела протетички пенис и костим за капење зајакнат со завои за да не се почувствува дека има гради, пренесува британски „Телеграф“.
За жал на Њуленд, при последниот секс, девојката почувствувала нешто необично додека Форчун го држела за коса, што конечно ја натерало да го извади превезот од очите и да ја открие шокантната вистина.
Њуленд засега го порекнува сето тоа, а што ќе одлучи судот останува да видиме.