Бренда Шмиц, мајка на четири момчиња, напишала писмо со три желби непосредно пред нејзината смрт и замолила еден пријател писмото да го објави откако нејзиниот маж Дејвид ќе продолжи со животот и ќе пронајде нова љубов.
„Кога ќе го добиеш ова писмо јас веќе ќе ја изгубам битката со ракот. Му кажав на мојот пријател, кога Дејвид ќе продолжи со животот и пронајде нова личност со која ќе го дели животот, да го испрати писмото во радио“.
Првата желба на Бренда била новата љубов на нејзиниот сопруг да има еден ден само за себе, за уживање.
„Таа го заслужува тоа, таа е маќеа на оние четири немирни и момчиња. Насмевни се и знај дека секој нејзин труд е вреден и треба да се награди“.
Бренда исто така посакала семејството да замине на едно „магично“ патување по избор и трето да направи една мала забава за лекарите што ја лекувале.
Програмата Божикна желба постои веќе 20 години. Никогаш не сме добиле ваков вид желба – рекол директорот на радиото, Скот Ален.
Сите желби на Бренда биле исполнети, семејството заминало на патување во Дизниленд.