Две лица загинаа, а други осуммина се повредени кога врз нив се урна балкон во луксузниот кварт Кадоган сквер, во центарот на Лондон
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил нешто пред пладне по локално време, а дека се верува оти двајцата загинати, како и сите повредени се градежни работници, но таа информација се уште не е потврдена.
Претставник на лондонската Брза помош изјави дека стигнале на местото на инцидентот, едно лице било починато, додека другата жртва починала веднаш по пристигнувањето во болница. Овој претставник не можеше да објасни каква е состојбата на другите повредени.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, а засега не се знае што го предизвикало уривањето на балконот.