Меѓународниот воз кој завчера тргнал од Белград за Бар на крајната дестинација пристигнал утринава во 4 часот после рекордни 32 часа патување. Според медиумите тој 2 пати се расипал а еднаш го удрил и гром.
Возот уште на станицата во Белград тргнал со цели 80 минути задоцнување, за потоа да се расипе во Барајево, каде стоел до 7 часот наутро, во Колашин стигнал дури вчера во 22:50.
Тогаш започнало патешествието на патниците, зашто набрзо повторно застанале во тунелот кај Колашин и тука останале седум часа.
Дури околу 23 часот синоќа тргнале за Подогорица, а на крајната дестинација пристигнале потполно исцрпени утринава во 4 часот.
Од црногорската железница со објаснување дека за се е виновно невремето, односно ударот од гром, на раскрсницата кај Лутово, во 15:53 кој предизвикал хаварија во енергетскиот строј и предизвикал прекин на железничкиот сообраќај.
Патниците биле исцрпени и меѓу нив имало болни, како и деца, на кои им била доставена храна и пијалоци.
„Луѓето се огорчени. Една жена ми бараше млеко за своето дете, а на друга и се слоши. Возот беше полн со преморени луѓе. Имаше стари, болни и деца. Ужас. Кондуктерите немаа никаква информација. Теренот беше непристапен инаку многумина ќе го напуштеа. Стоевме во таа недојдија со часови“, објаснува патник.