Две лица загинале, а 20 се повредени меѓу кои има и четири деца во два верижни судари кои се случиле во Србија. Во несреќата како што јавуваат српските медиуми учествувале 36 возила.
Помош на повредените им е пружена од медицински екипи од повеќе градови. Според информациите на дел од медиумите во Србија, најтешко повредено 14-годишно девојче на кое и е ампутирана ногата. Децата се со полесни повреди.
Во судирот на автопатот Белград-Загреб учествувале возила во германски, австриски, швајцарски, бугарски и српски регистерски таблички. На лице место се се уште се наоѓаат медицински екипи и противпожарни возила.
Беше страшно. Луѓето бараа помош, деца викаа, а од маглата не се гледаше прст пред око, изјавил Рахман Идриз од Македонија, кој е еден од учесниците во страшната верижна сообраќајка која утринава се случи во Србија.
Возилото на Идриз, кој е полесно повреден во сообраќајката, било меѓу првите во колоната која се судрила, на само неколку метри од шлеперот околу кој настана вистински карамбол.
-Ништо не се гледаше. Возев полека по десната лента кога одеднаш пред себе слушнав кршење на стакло и врисок. Потоа наеднаш видов возило пред мене, се обидов да запрам, но друго возило налета на мене и ме оттурна напред, изјавил Рахман за српските медиуми.
Тој вели дека маглата била толку многу густа што само било прашање на време кога ќе се случи ваква несреќа.
Курир