2 загинати, 20 повредени – меѓу нив и деца – верижен судар во Србија


Две лица загинале, а 20 се повредени меѓу кои има и четири деца во два верижни судари кои се случиле во Србија. Во несреќата како што јавуваат српските медиуми учествувале 36 возила.

soob-srbija2-500Помош на повредените им е пружена од медицински екипи од повеќе градови. Според информациите на дел од медиумите во Србија, најтешко повредено 14-годишно девојче на кое и е ампутирана ногата. Децата се со полесни повреди.

Во судирот на автопатот Белград-Загреб учествувале возила во германски, австриски, швајцарски, бугарски и српски регистерски таблички. На лице место се се уште се наоѓаат медицински екипи и противпожарни возила.

Беше страшно. Луѓето бараа помош, деца викаа, а од маглата не се гледаше прст пред око, изјавил Рахман Идриз од Македонија, кој е еден од учесниците во страшната верижна сообраќајка која утринава се случи во Србија.

soob-srbija7-500Возилото на Идриз, кој е полесно повреден во сообраќајката, било меѓу првите во колоната која се судрила, на само неколку метри од шлеперот околу кој настана вистински карамбол.

-Ништо не се гледаше. Возев полека по десната лента кога одеднаш пред себе слушнав кршење на стакло и врисок. Потоа наеднаш видов возило пред мене, се обидов да запрам, но друго возило налета на мене и ме оттурна напред, изјавил Рахман за српските медиуми.

Тој вели дека маглата била толку многу густа што само било прашање на време кога ќе се случи ваква несреќа.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1