2 загинати и 5 повредени – Судар на три возила кај Куманово


soobrakjajka sudir

Две лица загинаа, а петмина се тешко повредени во тешка сообраќајка што се случи на патот Куманово – Крива Паланка кај местото Поповски рид, соопшти МВР.
Утрово околу 5 часот се судрија „голф” со косовски регистерски таблици, „БМВ” со бугарски регистерски таблици и „тико” со кривопаланечки регистерски таблици.
На лице место починале возачот на „голфот” и „БМВ-то”, а двајца сопатници од „голфот” и тројца патници од „тикото” се тешко повредени.
Увидот на лице место е се уште во тек и се врши идентификација на жртвите.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1