20.03: Тројца новозаболени, вкупно 70 во Македонија


Три новодијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70.

Информацијата ја сподели до јавноста министерот за здравство, Венко Филипче, на неговата денешна прес конференција.

Како што кажа тој, една од пациентите е баба на заболеното девоче од Штип, друга била во Србија и има еден од Скопје.

Досега, според информации од министерот, градови во кои има заболени се: Скопје, Гостивар, Дебар, Штип и Охрид.

Министерот Филипче информираше дека здравствената состојба на пациентката на машина за дишење од ноќеска значително се влошила.

Инаку, досега се направени вкупно 888 тестови и има уште 1.400 дополнителни и во најава е достава на уште 1.000 нови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1