20 години од смртта на Дражен Петровиќ (Видео)


На денешен ден пред 20 години, во сообраќајна несреќа, животот го загуби еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ.

drazen petrovic’Кошаркарскиот Моцарт’ загина во сообраќајна несреќа кај Денкендорф во Германија на 7.јуни 1993 година .

Дражен кариерата ја започна во родниот Шибеник, по четири години се пресели во Цибона со која стигна до титулата европски првак. Од Цибона замина за Мадрид, каде една година го носеше дресот на Реал.

Петровиќ потоа се сели во НБА лигата, најпрвин во Портланд каде од тренерот Рик Аделман не добива вистинска можност да ги покаже квалитетите. Њу Џерси е следната негова дестинација каде за две сезони стекнува целосна афирмација како еден од најдобрите шутери во НБА лигата.

Дражен со репрезентацијата на СФРЈ освоил сребро на ОИ во Сеул 1988 и бронза на ОИ во Лос Анџелес во 1984, на Светските првенства има едно злато, во Аргентина 1990 и бронза во 1986 во Шпанија.  Како член на репрезентацијата на Хрватска освои сребро на ОИ во Барселона во 1992 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1