Секој ден на улица питачи, а живее во стан од 350.000 евра (Фото)


prosjak

Сајмон Рајт (37) секој ден седел пред банката NatWest во искината облека со своето куче и со натпис на кој пишува дека моли за помош.

Минувачите дневно му давале вкупно од 200 до 300 фунти, а после „работата“ би одел во својот стан во Фулам, во источен  Лондон, кој чини 300.000 фунти.

Полициајта тврди дека често одел до локалната обложувалница, каде вложувал поголем дел од добиените пари, а често износот двојно му се зголемувал.

– Користел знак на кој пишува дека е бездомник, а всушност има стан. Тоа е измама. Така ги поминувал деновите веќе три години, а улицата Патни е добра локација за питачење затоа што таму се наоѓаат канцелариите на многу фирми и добри бутици, велат од полицијата.

13705855193

Еден од луѓето кој работат во близината, а кој често на питачот му давал по пет или десет фунти, многу е огорчен поради измамата.

– Не можам да верувам дека питачел и го користел сожалувањето на луѓето кои живеат во станови помали од неговиот, рече Крис Фавершам.

– Намерно барал луѓе кои биле на банкомат и беше многу агресивн и незгоден кон оние кои не сакаа да му дадат пари, рече локалниот одборник.

Рајт е уапсен поради ситни прекршоци и одредена му е забрана за питачење по улиците, но и доаѓање во квартот чии жители ги „крадел“ повеќе од три години „работа“.

article-2336145-1A2969B7000005DC-361_306x423

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1