20 годишна девојка се бори за живот по синоќешната сообраќајка во Карпош


20 годишна девојка се бори за живот на КАРИЛ, по страотната сообраќајна несреќа која ноќеска пред полноќ се случи на булеварот “Партизански одреди“.

gtrhsrjsjПокрај неа повредена е уште една девојка која е пуштена на домашно лекување, и момче кое на барање на родителите е пренесено во приватна болница. Во тројцата кои чекале автобус на постојката на ЈСП директно удрил автомобил марка АУДИ. Возилото го управувало 19 годишно лице без возачка дозвола,за кое дополнително алко-тестот треба да покаже дали возел во алкохолизирана состојба.

Среќа во несреќа е што автомбилот го ублажил ударот удријаки првин во друг автомобил и придружните објекти на трафиката пред да заврши во патниците. Директниот удар во нив велат очевидци можел да биде со трагични последици.

Сител

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1