20-сетина македонски возачи сеуште се блокирани на граничниот премин помеѓу Ирак и Турција, откако турските власти пред повеќе од две недели одлучија да го затворат преминот поради воени дејствија против Курдите.
Турските власти засега немаат одговор ниту за македонското МНР, ниту за амбасадата во Анкара, како да им се помогне на македонските возачи и дали преминот ќе се отвори.
Возачите за Сител апелираат за помош, поради немање никави информации и поради борбените дејствија што се водат во непосредна близина.
,,Никој ништо не знае. Никој не знае ништо, ни на телевизија изјавуваат нешто, значи тотално сме исклучени од се. Како знаат да ни помогнат , да не заштитат. Тука не сме баш нај нај сигурни. Не сме мнбогу безбедни тука. Тука до нас на 3-4 километри има војна, ќе се умира, така да не сме баш нај нај сигурни тука‘‘, изјави за Сител возачот Миле Грозданов.
Областа во близина на преминот е и цел на руските бомбардирања врз цели на Исламската држава.
Возачите кои се блокирани цели 20 дена засега имаат доволно вода и храна и редовно комуницираат со македонската амбасада во Анкара.
На граничниот премин „Ибрахим Халил,“ има повеќе од 6.000 камиони, кои не можат да го напуштат Ирак и да го продолжат своето патување низ Турција.
Sitel.mk