Путин забрани храна, чартер-летови, па дури и вработување на Турци во Русија


Претседателот Владимир Путин денеска потпишал Указ за воведување на специјални економски санкции против Турција, соопшти прес службата на Кремљ.

Путин практично ги проширил санкциите воведени кон крајот на ноември после соборувањето на рускиот авион на нова област.putin 456

Новите ограничување се однесуваат на сите организации кои работат на територијата на Русија и се наоѓаат под контрола на турските граѓани, а не само фирми под турска јурисдикција, се наведува во документот.

Новите санкции ќе стапат на сила од Нова Година а ќе забранат руски работодавачи да вработуваат турски граѓани, како и забрана на увоз на одредени намирници.

Со одлуката на Путин ќе бидат укинати сите чартер летови од Русија за Турција и обратно.

Русија првиот пакет санкци кон Турција го воведе на 28 ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1