Протест во Скопје за чист воздух


Под мотото „Излези за воздух“ вчера пред Владата на РМ се одржа протест инициран од  дваесетина граѓански здруженија и организации, со кој граѓаните реагираат на континуираното загадување на воздухот и високиот индекс на ПМ10 честички во Скопје, Тетово и во други градови низ државата. protest zagaduvanje

Граѓаните носеа маски и транспаренти со пораки до надлежните. Бараат да се преземат конкретни мерки за да се спречи или да се намали загаденоста, да се дискутираат мерки на среден и долг рок за постигнување квалитетен воздух, а не само заклучоци какви што вчера донесе Владата.

Граѓанските организации поставија рок до 15 јанаури сите институции надлежни за справување со аерозагадувањето да донесат и да преземат конкретни пакет мерки, а доколку не се случи тоа најавија блокирање на улиците во градовите кои се најзагадени – Скопје, Битола и Тетово.

Владата на вонредна седница донесе неколку заклучоци и препораки, меѓу кои до 4 јануари во Скопје и Тетово ослободени од работа да бидат бремените жени, лицата над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 години со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1