За пензионерите живо џабе – ЈСП ги објави новите цени на билетите од 1 јануари


Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“ на својата интернет страница објави тарифен систем со нови цени на билетите, кој на сила ќе стапи од 1 јануари.jsp avtobus vnatre

По силните реакции во јавноста откако беше предложено зголемување на цената на дневниот билет купен од возачот на автобусот на 60 денари, од ЈСП сепак појаснуваат дека засега нема да има поскапување и ваквуот билет за едно возење ќе чини 35 денари, како за во градот , така и за во приградските населби. Ноќниот билет и со новиот тарифник е непроменет и чини 40 денари. Истите билети пак платени со мобилен телефон ќе чинат 40 и 50 денари.

Новина со тарифникот е и тоа што става временски рок за користење на билетот за десет возења, кој чини 250 денари за градски и 300 денари за приградски линии. Така од 1 јануари, наместо тој ќе мора да се искористи во рок од 15 дена, сметано од првото поништување.

Од 1 јануари ќе можат да се користат електронскиот временски билет од 90 минути и дневниот билет кои ќе чинат 60, осносно 120 денари. Цената на месечниот билет за студенти и ученици останува 1050 денари, или 600 денари за летните месеци.

Претходно, Владата најави дека од 2016 година студентите на државните факултети ќе можат секој ден бесплатно да се возат со јавниот превоз, како што тоа досега им беше овозможено на средношколците. Бесплатен превоз имаат и пензионерите во вторник, петок и за време на викендот.

Сите билети и нови тарифни модели може да се видат ТУКА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1