20 нови случаи на Ковид-19, почина 1 лице


Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-4, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово2 и Прилеп-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 701, активни 189

• Куманово – 425, активни 26

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-38, активни 3

• Прилеп –208, активни 53

• Тетово – 165, активни 70

• Струга – 71, активни 4

• Велес – 127, активни 45

• Битола –28, активни 7

• Охрид –21, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –21, активни 4

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 1

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 0

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

• Свети Николе-1, активни 1

Направените 744 теста се преку: ИЈЗ –462, Ветеринарен ф-тет -28, Авицена –38, Биотек -37, Филип Втори (Жан Митрев) –38, Систина со PCR метода 22- и МАНУ -119. Досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1