2016 зема уште една легенда – почина познатата актерка


Познатата актерката Кери Фишер (60) почина денес, потврди нејзиното семејство.keri-fiser-640x360

Портпаролот на семејството објави соопштение во кое се наведува дека актерката починала утринава во 8:55 часот.

-Беше сакана од светот и на сите ќе им недостига. Целото семејство ви се заблагодарува за вашите мисли и молитви, стои во соопштението.

Актерката пред неколку дена имала срцев удар во авион со патувала од Лондон до Лос Анџелес. По слетувањето во критична состојба веднаш беше пренесена во болница.

Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Лејла во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1