Полицијата го утврди идентитетот на 21 годишната девојка која утрово беше пронајдена мртва во водите на Вардар покрај тетовското село Сараќино.
Станува збор за Сабина А. од истото село која ја пронашол нејзиниот 22-годишен сопруг З.А. и други роднини. Токму тие синоќа пријавиле во полиција дека Сабина исчезнала од дома, околу 19 часот заминала од домот во непозната насока.
Утринава го пронашле нејзиното безживотно тело, по што случајот го пријавиле во полиција, а јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле извршиле комплетен увид и го фотодокументирале случајот.
Како што неофицијално дознава Курир, починатата девојка во брак стапила пред пет месеци, а била и бремена. Според првичните непотврдени информации на нејзиното тело немало траги на насилство.
Од тетовската полиција информираат дека телото на починатата ќе биде предадено на обдукција, по што поконкретно ќе се знаат причините за нејзината смрт.