21 новозаболен од Ковид-19, најмногу во Скопје


Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 493
 Куманово – 384
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –147
 Тетово – 76
 Струга – 66
 Велес – 69
 Битола –19
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -7
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 2
 Делчево-1
 Валандово -1
 Виница – 2

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода -12 и МАНУ – 8. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1