21 повреден во тешката сообраќајка, еве ја нивната состојба


Вкупно 21 лице е повредено во тешката сообраќајка несреќа која се случи попладнево откако се судрија два автобуси на патот Битола – Демир Хисар кај местото викано Бели Мост.

nerseka-mesto500Канал 5 објавува дека 21 лице се примени во Клиничката болница во Битола со скршеници и други повреди. Осумминаод нив се на ортопедија, шест на хирургија, а пет лица на неврохирургија.

Една жена се наоѓа на интензивна нега и е со потешки повреди, но надвор од животна опасност. Останатите повредени по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случи при директен судир на двата автобуси, по што едниот паднал во река.  Полицијата се уште го извршува увидот, а како што објави Канал 5 според првичните проценки направена е материјална штета од околу 30.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1