Дваесетиидвегодишно момче, синоќа, околу 22,00 часот, паднало од зграда, во Струмица. Несреќата се случила на улицата Ѓорѓи Трајков, објави Нова Македонија
Момчето го забележале станарите на зградата, по што ја алармирале службата на Итната медицинска помош и струмичката полиција.Момчето е пренесено во „Општата болница“ каде му е укажана медицинска помош и е префрлено итно на Клиниката во Скопје.
Од струмичката болница, потврдуваат дека момчето е во критична здравствена состојба, заради скршениците со кои се здобил на нозете и главата.