Видео: Апсење акција “Отпад” – Со лажни договори затајувале данок три години


Криминалната група сочинета од 14 лица, сопственици на фирми, три години успевала да го изигрува законот и да заработува екстра профит затајувајќи данок.

Во оперативната акција „Отпад“ полицијата го разоткри криминалот и досега приведе седум од 14-мината осомничени за злосторничко здружување, даночно затајување, поттикнување и други кривични дела. Дел од сега осомничените веќе заработија кривични пријави во акцијата „Ариел“ од 2011-тата година.

apsenje otpad„Криминалната група извесен период наназад и нанесуваше двојна штета на државата и тоа од финансиски аспект преку затајување на даноци и од аспект на стимулирање на незаконската трговија со железо и метални производи, односно поттикнување на зачестените кражби на метал“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во 2011-тата година, пријавените во „Ариел“ не се откажале од криминалот туку само го промениле начинот на делување. Формирале повеќе правни лица преку кои правеле лажни фактури за плаќање на „наводен“ откуп на отпадно железо.

„Со лажните фактури се покривал откупот на отпадно железо кое го вршела криминалната група “на црно“ за кое плаќањето се вршело во готовина надвор од платниот промет. Со плаќањето на лажните фактури на сметките на наведените правни лица се обезбедувал прилив на поголеми износи на парични средства кои се подигани како готовина и користени за набавка на нови количини на отпадни суровини од дивите собирачи надвор од платниот промет – “на црно““, се вели во соопштението од МВР.

apsenje otpad2Откако се воведе законската регулатива лицето при откуп на железо да приложува лична карта и да се плаќа на трансакциска сметка, групата обезбедила мрежа од 500 лица кои им ги дале своите лични податоци и трансакциски сметки и ним им ги исплаќале парите најчесто во висина од 30.000 денари. Парите потоа им биле враќани на членовите на криминалната група, а лицата добивале надомест до 500 до 1.000 денари.

„Поради неможноста да обезбедат доволно трансакциски сметки од физички лица членовите на криминалната група во 2012-тата година го формирале правното лице ТП ДАСТО 2012 кое го користеле за изготвување на лажни фактури со пресметан ДДВ за потребите на правното лице ГЛОБАЛ МЕТАЛ СКРАП со што му овозможувале на ова правно лице да се обезбеди со влезен ДДВ кој потоа неосновано бил пребиван со излезниот ДДВ. Воедно со плаќањето на лажните фактури на сметката на ТП ДАСТО 2012 пристигнувале големи приливи на парични средства, кои Д.С. ги подигал како готовина“, велат од МВР.

Полицијата утрово апсеше членови на криминалната група во Скопје, Крушево, Велес и Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1