22 нови случаи на коронавирус во Македонија


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
  • Дебар (40) – од кои 1 починат
  • Штип (7)
  • Куманово (3) – од кои 1 починат
  • Кавадарци (2)
  • Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
  • Гостивар (1).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1